Марота подготвува „бомба“: Интер „краде“ голема желба на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последниот период се шпекулира дека кормилото на Интер ќе го преземе Антонио Конте на лето, а Бепе Марота работи на нови засилувања.

„Газета дело Спорт“ пишува дека скаутите на Интер биле присутни на натпреварот меѓу Тотенхем и Манчестер сити, а во центар на внимание бил Кристијан Ериксен, кој во претходниот период се поврзуваше често со трансфер во Реал Мадрид.

Интер очигледно не треба да се грижи за конкуренција од страна на „кралевите“, кои сакаат да го купат Еден Азар од Челси, но покажаа интерес и за Садио Мане од Ливерпул.

Ериксен е проценет на 85 милиони евра, но наводно Тотенхем нема да прифати понуда помала од 100 милиони евра, а токму таа сума „нераѕурите“ треба да ја набават од продажбата на Мауро Икарди.