Марота се пофали: Лукаку го продадовме за 115 милиони, а Џеко го добивме бесплатно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Интер, Џузепе Марота направи одличен потег во летниот проден рок, кога го продаде Ромелу Лукаку на Челси за сума од 115 милиони евра, а потоа го ангажираше Един Џеко целосно бесплатно.

Босанскиот фудбалер замина од Рома, по што стави потпис на соработка со Интер, каде што засега му оди одлично, а тоа го потенцираше и Марота.

„Лукаку го продадовме за 115 милиони евра, а Џеко го донесовме бесплатно, но на теренот нема никаква разлика“, кажа Марота.

Џеко потпиша двегодишна соработка со Интер, откако Рома го пушти да замине бесплатно, а „нераѕурите“ ќе треба да исплатат 1,8 милиони евра ако се пласираат во Лига на шампиони.