Мартин Шилер нов тренер на Жалгирис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на литванскиот шампион во кошарка, Жалгирис од Каунас, назначи нов тренер.

Откако легендарниот Шарунас Јасикевичиус ја прифати поканата на Барселона и го замени Светислав Пешиќ на клупата на каталонскиот гигант, Литванците, донекаде изненадувачки, го назначија младиот австриски тренер Мартин Шилер за прв тренер на тимот.

Шилер е релативно малку познато име во Европа, но во последните три години овој 38-годишник направи одлична работа во американската Г-лига со тимот за развој на Јута џез наречен Sвездите на Солт Лејк Сити. На крајот на оваа сезона, тој беше прогласен и за најдобар тренер на ова натпреварување.

Шилер во моментов е исто така асистент тренер во германската репрезентација и долго работеше како асистент во Артланд и Лудвигсбург.