Мартинез даде два гола за победа на Интер и испиша историја (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер се измачи, но славеше против Кремонезе со 2-1 во Серија А, а двата гола за победничкиот тим ги постигна аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.

Кремонезе постигна водечки гол во 11. минута, по што Мартинез прво во 21. минута погоди за 1-1, а потоа стрелаше во второто полувреме за пресврт (2-1.

Мартинез со двата гола против Кремонезе стигна до бројката од 11 погодоци што стана третиот странец во историјата на Интер кој во најмалку четири сезони постигнал над 10 гола.