Мартинез призна: Барселона сакаше да ме ангажира, но…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез планира да остане во италијанскиот гигант иако за него интерес покажа Барселона во минатото.

Мартинез постојано се поврзуваше со преселба во Каталонија, а сега и аргентинскиот фудбалер призна дека добил понуда од страна на Барселона, но на крајот не се договориле.

„Пред една година Барселона сакаше да ме ангажира, но јас решив да одам по друг пат. Му кажав на Конте да не се грижи за мене и дека останувам во Милано. Барселона е минато и не мислам на тоа. Нема да си заминам од Интер ова лето, туку ќе потпишам нов договор“, кажа Мартинез.