Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе го предложи Масар Омерагиќ, поранешен фудбалер и екс-член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), како кандидат за претседател на федерацијата.
На одржаното вонредно годишно собрание, делегатите на ОФС Свети Николе едногласно ја донесоа одлуката, со 16 гласови „за“, поддржувајќи ја неговата номинација.
Ова следи по повлекувањето на досегашниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој ја напушти функцијата на 17 ноември. Вонредното изборно собрание на федерацијата, на кое ќе се избере новиот лидер, е закажано за 22 декември.