Машинеријата на Пеп го уништи Баерн Минхен (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 3-0 против Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ).

Почетокот на натпреварот беше израмнет, иако Сити вршеше притисок кон противничкиот гол, а првиот погодок падна во 27. минута кога Родри испрати неверојатен удар.

Баерн потоа презема иницијатива, а за малку ќе примеше и втор гол во 34. минута. Сепак, гостите од Минхен тргнаа во напад на стартот на вториот дел, но тоа кратко траеше.

Во 70. минута Упамекано направи грешка, по што казната стигна преку Бернардо Силва, а последниот гол за 3-0 го постигна Ерлинг Халанд.

На вториот меч вечерва Интер славеше со 2-0 против Бенфика.