Мата го моли Меси: Ако доаѓаш во Манчестер, тогаш тоа нека биде во Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси постојано се поврзува со заминување од Барселона, а како негови можни дестинации се споменуваат ПСЖ, Манчестер сити и други клубови.

Никој засега не може со сигурност да каже каде ќе игра Меси следната сезона, па останува да видиме на лето што ќе се случи. Во меѓувреме се јави и Хуан Мата со порака до Аргентинецот.

„Искрено се надевам дека Меси нема да дојде во синиот дел на Манчестер. Не знам што ќе се случува, но ако сака да дојде во Манчестер, тогаш тоа нека биде во Јунајтед“, порача шпанскиот фудбалер.