Матеус го нападна Крос: Покажа дека не може да биде лидер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските фудбалери испаднаа во осминафиналето на Еуро 2020 по порадот од Англија со 0-2, а неколку дена по мечот од репрезентацијата се збогуваше 31-годишниот Тони Крос, кој беше критикуван од легендарниот Лотар Матеус.

Матеус во колумна за германски „Билд“ го критикуваше Крос за кој смета дека не може да биде лидер на теренот.

„Крос мисли дека е подобар фудбалер отколку што навистина е. Немам ништо против него, му честитам за успесите, но покажа дека не може да биде лидер. Играше без страст. Сите негови контакти со топката не помагаат. Крос не сакаше да преземе одговорност, тие негови потези го уништуваат фудбалскиот дух“, смета Матеус.