Матеус има фаворит: „Нема подобар тренер за Баерн“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во германските медиуми сеуште траат шпекулациите околу тоа кој ќе го замени Нико Ковач на клупата на Баерн.

Како потенцијални тренери константно се вртат имињата на Арсен Венгер, Томас Тухел, Жозе Мурињо, а како најголема желба на клубот е Пеп Гардиола кој моментално го предводи Манчестер Сити.

Германците наведуваат за тоа како Гардиола ги одржува одличните односи со управата на баварската гордост и дека тој во Минхен има купено куќа, а во случај на негово враќање тој со сигурност би бил најдобрата и најдостојната замена за Ковач.

Приказната околу враќањето на Гвардиола за весникот Билд ја прокоментира и клубската икона Лотар Матеус.

„Ако Баерн сака да гради игра после примање на топката, тогаш нема подобро решение од Гвардиола. Тоа би била победа и за Баерн и за Бундес Лигата“, изјави Матеус.

Сепак, други медиуми во Германија и не се баш оптимистички настроени околу враќањето на Гардиола. Најмногу поради изјавата на Пеп кој на неколку наврати изјави дека планира да го испочитува својот договор со Манчестер Сити до крај.