Матеус предложи кандидат за нов тренер на Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен во краток период доби два негативни одговори од тренери, и тоа Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, па поради тоа ја продолжи потрагата по наследникот на Томас Тухел.

Легендарниот Лотар Матеус е еден од тие кои го поддржува својот поранешен клуб и реши да му предложи нов тренер на тимот.

„Јас би го ангажирал Емери од Астон вила. Тој е неверојатен, а има освоено и важни титули со Севилја. Унај зборува англиски, а може да научи и германски. Не гледам никаква пречка за да биде ангажиран. Тој би бил освежување за Баерн“, кажа Матеус.