Матеус за кризата во Минхен: Кан донесе добра одлука!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен не личи на тимот кој доминираше во претходните години во германската Бундеслига, па поради тоа почнаа шпекулациите за отказ на Јулијан Нагелсман.

Легендата на германскиот гигант, Лотар Матеус смета дека Нагелсман не е виновен за кризата и смета дека треба да остане во клубот.

„Јулијан е вистинскиот избор за Баерн и мислам дека Кан донесе добра одлука што застана зад него по поразот од Аугсбург. Сигурен сум дека Нагелсман ќе најде решение за кризата и ќе го врати тимот на победнички патеки“, вели Матеус.

Сега следи пауза во првенството, по што Баерн го чека меч против Баер Леверкузен.