Матијс де Лигт е нов играч на Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потпишан договорот, Де Лигт е нов фудбалер на Јувентус.

Откако вчера успешно ги помина лекарските прегледи, младиот дефанзивец потпиша договор и денес е претставен како нов фудбалер на италијанскиот првак.

Де Лигт со торинскиот великан потпиша договор на пет години, односно до јуни 2024. година.

Неговиот поранешен клуб Ајакс од овој трансфер инкасираше 75 милиони евра.