Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што објавија неколку англиски медиуми, меѓу кои и „Дејли Мејл“, Немања Матиќ би можел во јануари да го напушти Манчестер јунајтед, зашто не е задоволен со минутажата, која ја добива во премиерлигашот.
Екиипата на тренерот Оле Гунар Солскјер игра очајно на стартот на сезонава, па не му ни дава шанса на Матиќ во Премиерлигата, а поради тоа Србинот ќе побара да замине во јануари.
„Дејли Мејл“ открива дека развојот на целата ситуација ја следи Интер и нивниот тренер Антонио Конте, кои се заинтересирани за одличниот српски фудбалер.
Доколку наскоро не се промени нешто драстично на „Олд Трафорд“, тогаш Матиќ би можеле да го гледаме од јануари во дресот на „нераѕурите“.