Мбапе изведе магични дриблинзи, а потоа се случи – чудо од Де Хеа ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид де Хеа и не може да се пофали со најдобра форма и често го критикуваат поради лошите настапи и големата плата, но сепак изненади во победата на Манчестер јунајтед од 2-1 против ПСЖ.

Нејмар му додаде една топка на Килијан Мбапе, кој со неколку дриблинзи мина двајца фудбалери на Јунајтед и се намести на шут.

Мбапе шутна силно и прецизно кон голот на Де Хеа, но чуварот на мрежата му го одбрани ударот со неверојатна интервенција.

Иако е прв коло, сепак оваа одбрана може да биде една од најдобрите сезонава во Лигата на шампиони.