Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно порача дека нема намера да го напушти клубот.

Францускиот напаѓач, кој пристигна како едно од најголемите засилувања, во последниот период се најде под силен притисок од дел од навивачите по неколку послаби реакции во завршницата од сезоната. Поради тоа, се појавија гласини дека би можел да замине од „кралскиот клуб“.

Сепак, Мбапе ги демантираше сите такви најави и порача дека останува целосно фокусиран на Реал Мадрид. „Нема да го напуштам Реал Мадрид. Зошто би заминал? Нема шанси да си одам“, изјави тој.