Мбапе ќе биде казнет поради коментарите кој ги даде за судијата!?

Парижаните после натпреварот против Лил во кој претрпеа тежок пораз беа посебно лути на главниот судија Беноит Бастиен, кој во Лил го исклучил Бернат и му поништи два гола на Мбапе.

Занимливо е тоа што Бастиен го судеше и дуелот со ПСЖ и Гуингамп во почетокот на оваа сезона, во кој „Светците“ се простија од Лига купот.

Судијата Бастиен беше строго критикуван од младиот Мбапе, а неговите изјави беа фатени на ТВ камерите и постои можност да биде казнет од страна на ФФФ(Фудбалската Федерација на Франција).

„Овој ист судија ни го зема Лига купот, ни ги зема играчите, ни зема се!“, нервозно изјави Килијан.