„Мбапе ќе зема 50 милиони евра годишно во Реал? Јас играв во погрешно време…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио имаше одлична кариера и го носеше дресот на некои од најголемите тимови во светот, но не заработуваше многу пари, како што тоа е случај во денешниот фудбал.

Роналдо е газда на шпански Реал Ваљадолид и во разговор со шпанските медиуми даде коментар за потенцијалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Германски „Билд“ вчера го најави трансферот на Мбапе во Реал, па дури ја објави и договорената плата, која ќе изнесува 50 милиони евра годишно.

„Мбапе е одличен фудбалер, има голема брзина и добра завршница. Очекувам да биде најдобар во свет. Прочитав во медиумите дека ќе зема плата од 50 милиони евра годишно. Ние игравме во погрешна генерација, а сега фудбалската индустрија расте многу брзо“, вели Роналдо.