Мбапе му дал збор на Перез, откако Барселона се обидела да го „украде“?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид следното лето планира неколку големи засилувања, а како најважни за „кралскиот клуб“ се споменуваат Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, иако Французинот е поблиску до таков трансфер.

„Кралевите“ се обидоа да го купат Мбапе уште во летниот преоден рок, но раководството на ПСЖ одби 220 милиони евра за својот напаѓач и ги прекина односите со Реал Мадрид.

Меѓутоа, Флорентино Перез нема намера да се откаже, а наводно имал и состанок со Мбапе и неговиот менаџер, па наводно добил збор дека ќе потпишат договор на лето.

Засега не се познати условите од договорот, но се очекува Мбапе да стане еден од најплатените фудбалери во светот и да добие соработка на пет години, со тоа што треба во иднина да го предводи гигантот од Мадрид.