Мбапе најави: Моето следно поглавје ќе биде повозбудливо!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе синоќа ја доби наградата за најдобар фудбалер во Лига 1, по што кажа дека следи повозбудливо поглавје во неговата кариера.

Мбапе на церемонијата се збогува со ПСЖ, но не го откри името на неговиот следен тим, иако сè појасно е дека тоа ќе биде Реал Мадрид.

„Моето следно поглавје ќе биде повозбудливо, ќе откривам нови работи и тоа ме прави среќен. Ова е поглавје од животот кое се затвора. Сакам да им се заблагодарам на сите. Заминувам од Париз со високо крената глава“, кажа Мбапе.