Мбапе одбил да патува, причината е повеќе од јасна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе не сака повеќе да го поврзуваат со ПСЖ, ниту со сопствениците бидејќи договорот му завршува на 1 јули, а сезоната завршува во мај и потоа ќе се пресели во Реал Мадрид, освен ако не се случи некое чудо.

Мбапе одбил повик од Насер Ал-Келаифи да се појави на ждрепката за Мундијалот која ќе биде одржана во петок во 18 часот во Катар.

Французинот не сака да биде под притисок кога ќе размислува за неговата иднина, но и притоа да даде повод за приказни кои не сака да се појават во медиумите.

Неодамна го немаше на собирот на спонзорите од Париз, а како причина е наведено тоа што не сакал да биде поврзан со брза храна, енергетски пијалоци и слични работи бидејќи е заштитно лице на кампања против дебелеење на децата.