Мбапе претера: Бара да се исфрли Меси и да се растури „аргентинскиот клан“ во ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во екипата на ПСЖ владее очајна атмосфера, а главен виновник за тоа е Килијан Мбапе, кој летово потпиша нов договор со тимот, но исто така доби и поголеми права во клубот кои ги злоупотребува.

Мбапе потпиша договор на уште три години и за бонус доби 100 милиони евра, но неговиот однос на теренот е непрофесионален и тоа може да се забележи на натпреварите.

Бразилскиот портал „УОЛ Еспорте“ објави дека Мбапе од претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи побарал да го отстрани Лионел Меси од тимот, а му пречат и Андер Ерера, Нејмар и Кејлор Навас, но и Леандро Паредес и Мауро Икарди.