Мбапе: Роналдо испиша историја и инспирираше цела генерација на деца!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Франција ќе се соочи против Португалија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а Килијан Мбапе зборуваше за неговиот идол Кристијано Роналдо.

Идол на Мбапе од мали нозе му бил Роналдо, а тоа го потврдуваат и многу фотографии кои се најдоа на интернет од собата на францускиот напаѓач.

„Роналдо е еден и единствен, нема да има друг Кристијано. Тој инсписираше цела генерација деца со своите голови и успеси. Неговата биографија јасно покажува за каков фудбалер станува збор, но се надевам дека утре ќе биде разочаран“, кажа Мбапе.