Мбапе за осум секунди ќе заработува колку дневница на работник во Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец и ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ја напушти екипата од Лига 1 и ќе се пресели во шпанскиот гигант Реал Мадрид, а вчера германски „Билд“ ја објави и платата која ќе ја добива во новиот тим.

Мбапе од почетокот на јануари има право да преговара со заинтересираните екипи, но очигледно ќе се пресели во Реал Мадрид, кој на крајот на летниот преоден рок се обиде да го купи, но тогаш ПСЖ не прифати понуда од 180 милиони евра.

Младата ѕвезда со потписот со „кралевите“ ќе стане еден од најплатените спортисти во светот, а неговата плата на годишно ниво ќе биде 50 милиони евра, односно 4,2 милиони евра месечно или 961.500 евра неделно.

На дневно ниво ќе добива 137.360 евра, по час околу 5.723 евра, по минута 95,40 евра, а по секунда околу 1,58 евра или поточно Мбапе за осум секунди ќе добие плата колку една просечна дневница на работник во Македонија.