Мбапе заминува од ПСЖ: Французинот сака да купи дом во Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светските медиуми пишуваат дека Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ, а дополнителни шпекулации предизвика и приказната дека Французинот сака да си купи куќа во Мадрид.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, па неговата иднина е неизвесна, а неодамна со неговите изјави ги изненади сите во Париз.

„Мојата иднина? Најважно е човек да се чувствува добро таму каде што е во моментот. Секако, кога ќе донесам одлука, ќе зборувам јавно за тоа. Почнаа да ме заморуваат критиките“, кажа Мбапе.

„Ле Паризиен“ објави дека ПСЖ одамна го загубил трпението со Мбапе, кој со месеци не прифаќа нов договор и наводно е подготвен да направи голем трансфер во Шпанија, а според проценките, Реал за неговиот потпис треба да плати од 130 до 150 милиони евра.