Медведев го поддржа Ѓоковиќ: Сакам Новак да игра на Ју-Ес Опен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот во моментов, Данил Медведев ја освои титулата во Мексико со победата против Камерон Нори, а по мечот зборуваше за Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ нема дозвола за настап на Ју-Ес Опен затоа што не е вакциниран и не може да влезе во САД поради тоа.

Медведев кажа дека би било добро за тенисот Ѓоковиќ да заигра на турнирот во Њујорк, но таа одлука може да предизвика бунт кај останатите што не се вакцинирани.

„Не сакам да зборувам за причините за оваа одлука, зашто многу луѓе настрадаа за време на пандемијата. Ако ги промениме правилата, ќе има и такви кои се бунат, зашто им е забранет влез во земјата, па така не можат да работат. Сепак, јас сакам Ѓоковиќ да играм на Ју-Ес опен“, кажа Медведев.