Медведев: Ѓоковиќ за мене е Бог!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Австралијан опен со триумфот против Данил Медведев во финалето од 3-0 во сетови.

Ѓоковиќ така стигна до 18. титула на гренслем-турнирите, а Медведев имаше само пофални зборови за Србинот.

„Морам да му се заблагодарам на мојот тим, на моето семејство кое ме поддржи. Многу измешани чувства има во мене. Сакам да им се заблагодарам на сите. Му честитаме на Ѓоковќ за трофејот. Се сеќавам кога бев на 500 или 600 место во светот, а Ѓоковиќ прв, тој за мене беше Бог и не помислив дека ќе сака да разговара воопшто со мене“, вели Медведев.