Медведев ќе биде исфрлен од Вимблдон затоа што е Русин!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Њујорк Тајмс“ пишува дека руските и белоруските тенисери нема да можат да играат на Вимблдон, односно ќе бидат исфрлени од турнирот поради војната во Украина.

Вимблдон е прв турнир кој ќе суспендира индивидуални тенисери и тенисерки, па така на најпрестижниот гренслем-турнир нема да може да настапи ниту Данил Медведев.

Американскиот медиум пишува дека раководството на Вимблдон се подготвува да ја соопшти иниформацијата за суспензија во секој момент.

Со оваа одлука ќе бидат суспендирани четири руски тенисери од топ-30 и пет жени од топ-40, па така на турнирот не би можеле да настапат ниту Андреј Рубљев, Аслан Карацев, Анастастија Павличенкова, Арина Сабаленка, Викторија Азарена, Карен Хачанов и други.