Мекгрегор го нападнал Дос Ањос од зад грб: Ти си змија, ама ќе го решиме ова!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор направил инцидент пред мечот против Дастин Порие, откако го нападнал бразилскиот ѕвер Рафаел Дос Ањос, кој е замена за борбата меѓу Порие и Мекгрегор.

Зад сцената се случил инцидентот, а Дос Ањос беше нервозен и порача дека нема лесно да се согласи на играта на Мекгрегор, како и дека ќе ги расчистат сметките еден ден.

„Каква змија си ти. Доаѓаш од зад грб и глумиш жестоко момче. Ќе го завршиме ова еден ден. Јас не сум како другите со кои си играш“, напиша Дос Ањос на социјалните мрежи.

Бразилецот требаше да се бори со Мекгрегор во 2016 година, но борбата беше откажана откако Дос Ањос го скрши стапалото, а во борбата се вклучи Нејт Диаз кој го победи Ирецот.