Мекгрегор ја провоцираше сопругата на Порие, а таа не му остана должна 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор загуби од Дастин Порие на УФЦ 264 настанот бидејќи поради повреда не можеше да ја продолжи борбата по првата рунда.

Ирскиот борец го скрши зглобот и мораше да се откаже на неколку секунди пред крајот на рундата.

Мекгрегор не го поднесе спортски неговиот пораз, по што додека го изнесуваа на носилки, тој ги провоцираше сите.

Не можеше да се помири со поразот, па продолжи со заканите кон Порие дека ќе се пресметаат и во некој клуб, а потоа ја спомена и неговата сопруга.

„Твојата жена ми пишуваше во приватни пораки. Еј, јави ми се, ќе зборуваме. Добро изгледаш“, викаше Мекгрегор.

Секако, на тоа реагираше и сопругата на Порие, која на Ирецот му го покажа средниот прст.