Мекгрегор: Не знам каде сум, ова ми го крши срцето и тешко е да се прифати!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По поразот од Дастин Порие, Конор Мекгрегор се појави на прес-конференција, каде што опиша како се чувствува.

„Ова ми го крши срцето, тешко е да се прифати. Постојат некои чудни работи во спортот. Мене ногата ми е целосно уништена“, вели Мекгрегор.

Мекгрегор потоа го пофали неговиот ривал, кој целосно го декласираше во рингот.

„Мислев дека добро му парирам на Порие, но неговите удари ми го уништија мускулот на предната страна на ногата. Дастин одлично се бореше. Мислев дека сум подобар од него“, објаснува Мекгрегор.