Мекгрегор обвинет дека силувал жена во финалето на НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека Конор Мекгрегор наводно силувал жена на четвртиот натпревар во финалето меѓу Денвер и Мајами во НБА-лигата.

Мекгрегор наводно ја нападнал жената во тоалетот во ВИП-делот и ја принудил да имаат интимни односи, а несреќната жена го пријавила случајот во полиција, која одбила да интервенира.

Жената се вратила со адвокат и ја земала облеката како доказ, по што полицијата во Мајами почна истрага за случајот.

Ирскиот борец претходно ги отфрли обвинувањата дека силувал жена во тоалет.