Мекгрегор планира да го купи Манчестер јунајтед?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако Ед Вудворд реши да се повлече од Манчестер јунајтед поради притисокот на навивачите за Суперлигата, се појави и информација дека семејството Глејзерс е подготвено да го продаде тимот.

Познатиот УФЦ-борец, Конор Мекгрегор на Твитер објави информации со кои ги изненади фановите, а порача дека размислува да го купи англискиот гигант.

Оваа објава за кратко време стана сензација во англиските медиуми, а навивачите на „црвените ѓаволи“ се зачудени, иако некои од нив сметаат дека тоа би бил вистински потег.

Мекгрегор следната борба ќе ја има на 10 јули во Лас Вегас против Дастин Порие и тоа пред полни трибини, па без сомнеж тоа ќе биде вистински спектал за љубителите на ММА.