Мекгрегор претера: Му се закани на Порие, а објави и слика од ќерка му 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор овој пат дефинитивно ги надмина сите граници кога станува збор за заканите кон Дастин Порие и неговото семејство.

Ирскиот борец не може да се помири со новиот пораз од Порие, а неговите потези станаа навистина одвратни и болни.

Мекгрегор на Твитер повторно се закани дека ќе му наштети на семејството на Порие, а меѓу објавените фотографии се наоѓаше и петгодишната ќерка на Дастин.

Иако оваа објава набрзо ја избриша, сепак дел од фановите успеаа да ја зачуваат и повторно ја објавија на социјалните мрежи, па сега се очекува реакција од Порие, но и од надлежните служби бидејќи ова ги премина сите граници.