Мекгрегор за битката меѓу Волкановски и Махачев: По ваква борба нема губитници!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот УФЦ-борец и поранешен шампион, Конор Мекгрегор даде коментар за битката меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски.

Волкановски загуби од Махачев по пет рунди со судиска одлука, иако Австралиецот со македонско потекло нема таков впечаток и веднаш побара реванш.

Мекгрегор направи анализа на битката и ги изненади сите бидејќи Ирецот често ги навредува ривалите, но овојпат даде добар коментар за борците.

„Тоа беше одлична борба момци. По ваква битка нема губитници, туку само победници. Уживав да го гледам ова“, кажа Мекгрегор.