Мекиќ: Естонија е фаворит, но верувам дека може да ја победиме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адем Мекиќ ѝ се приклучи на македонската репрезентација по успехот со Задар во хрватскиот Куп, а пред мечот против Естонија кажа дека нашиот ривал е фаворит во средбата, но и дека верува во победа на Македонија.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје е свесен за тоа колку е важен квалификацискиот дуел против Естонија.

„Естонија е репрезентација која ја познаваме многу добро. Естонците се фаворити, но ние сме домаќини и играме пред нашите навивачи. Треба да го дадеме максимумот на теренот и веруваме во победа. Имаме врвни кошаркари како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, како и Бојан Крстевски“, кажа Мекиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра в петок од 19 часот.