Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Мекларен е свесна за потенцијалот кој го има Ред Бул и очекува „непријатно изненадување“ од ривалот во однос на нивниот болид.
Ред Бул и оваа сезона беше пред ривалите, а тоа го потврди со титулата во конструктори, но и третата по ред за Макс Ферстапен.
Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун кажа дека се надева на поголема борба оваа сезона во Формула 1.
„Сакаме да ја намалиме разликата. Минатата година завршивме како втор или трет најбрз тим, во зависност од трката која ја возевме. Работиме на развивање на моќен болид, но Ред Бул делува дека може да нè изненади непријатно“, кажа Браун.