Меколум и Харден беа главни на забавата, Портланд на 6,3 секунди го совлада Хјустон 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во дербито на вечерта во НБА-лигата, Портланд славеше против Хјустон со 128-126 по продолженија,а  мечот го реши тројката на Си-Џеј меколум на 6,3 секунди до крајот.

Со тоа го заокружи одличниот настап – Меколум на крајот имаше 44 поени, 3 скокови и 8 асистенции, Демијан Лилард запиша 32 поени, 5 скокови и 9 асистенции, а Јусуф Нуркиќ имаше 12 поени, 11 скокови и 6 асистенции.

По сите дисциплински проблеми во претходните денови, Џејмс Харден одигра одличен меч за Хјустон и постигна 44 поени, 6 скокови и 13 асистенции, а Вуд имаше 31 поен.