Менаџерот изјави неверојатна приказна за Балотели


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот Марио Балотели, Мино Раиола изјави уште една приказна со што само ќе се потврди статусот на италијанскиот напаѓач како еден од најинтригантните типови во светот на модерниот фудбал.

Во интервју за “Il Giornale” Раиола изјави неверојатна приказна за Бентли и Балотели.

„Марио е луд, но јас му простувам бидејќи е добро дете. Еден ден ме праша дали може да го позајми од мене Бентлито. Му реков дека може ако постигне два гола на Марсеј“.

„Нормално дека на тој договор заборавив. Малку по натпреварот ми заѕвони телефонот и ми се јавува сопругата која ми рече дека ме бара Марио. Ми го даде телефонорт, а одма почна да зборува „Мино клучевите“. Постигнат два гола, дај ми ги клучевите од Бентлито. На крајот му ги дадов“.

„Со колата отиде до Јахт клубот каде што го заби во столб. Ме повика и ми рече: Мино жал ми е. Нормално дека му простив бидејќи на него не можам да се лутам“, раскажа Раиола.