Менди го израдува Реал Мадрид, Манчестер сити подобар од Борусија 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во натпреварот кој вечерва привлекуваше повеќе внимание Реал Мадрид ја совлада Аталанта со 0:1.

Ретко кој очекуваше дека на Реал Мадрид ќе му оди тешко посебно откако Аталанта остана со играч помалку во 18. минута.

Менди тргна кон голот на Аталанта, а Фраулер му влезе во движењето. Главниот судија на натпреварот процени дека ова е ситуација е доволна за да му покаже црвен картон. Немаше реакција од ВАР па одлуката не се промени.

Во продолжение од натпреварот Реал нападна, Аталанта се бранеше сепак, не беше тоа така силен притисок. Иако излгедаше дека Аталанта е на добар пат да одигра 0:0 на пет минути до крајот нивната одбрана попушти. Човекот кој го изнуди црвениот картон, Менди шутираше од oколу 20 метри и го совлада Голини.

Maнчестер Сити вечерва продолжи со добрата форма и не дозволи изненадување на гости во Германија против Борусија Менхгладбах. Избраниците на Гвардиола дојдоа до победа од 0:2.

Од самиот почеток „граѓаните“ ја наметнаа својата игра и не дозволуваа домаќините сериозно да се закант. Таквата игра им се исплатеше во 29. минута кога по нафрлувањето на Кансело Бернардо Силва со глава ја смести топката во мрежата. Конечните 0:2 ги постави Габриел Хесус на половина час до крајот на натпреварот.

Ова секако е одлична предност за Сити пред реваншот во Англија и гледајќи ја формата на „граѓаните“ треба да се случи чудо за тие да не играат во следната фаза.