„Мерцедес мора да го запре Ред Бул во уништувањето на Формула 1“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф не е среќен затоа што Ред Бул доминира веќе две сезони и вели дека мора да преземат нешто за да ги спречат ривалите да ја уништат Формула 1.

Волф очигледно заборави дека неговата екипа доминираше седум години по ред, но и покрај тоа смета дека Ред Бул го „уништува“ спортот.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на пет трки оваа сезона и делува дека младиот возач ќе ја освои третата титула во „најбрзиот циркус“ во светот.

„Ф1 е дизајнирана така што најдобриот треба да победи. Правилата за сите се исти. Кога некој ќе биде подобар, мора да го признаете тоа. Ред Бул ја искористи ситуацијата и создаде моќен болид. Се надевам дека нема да победат на сите трки, зашто тоа ќе ја уништи Ф1. Мора да ги запреме“, вели Волф.