Мертенс се договори со новиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс кариерата како што стојат работите ќе ја продолжи во Интер.

Белгискиот фудбалер се поврзуваше и со премин во Челси, но откако изјави дека сака да остане во Серија А веќе стигнаа шпекулации дека тој ќе продолжи во Интер.

Мертенс нема да го продолжи договорот со Наполи, а за него постоел интерес и од Рома, меѓутоа „Ла Република“ пишува дека Интер засега е фаворит за титулата.

Друг италијански медиум, „Газета дело Спорт“ пишува дека Мертенс на „Џузепе Меаца“ ќе добие договор според кој ќе заработува по пет милиони евра годишно.