Меси даде коментар за Мбапе по шпекулациите дека се скарани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе на почетокот на сезоната поради лошото однесување доби големи критики од фудбалската јавност, а сè почна кога Французинот се скара со Нејмар за тоа кој ќе изведе пенал.

Мбапе потоа имаше уште неколку испади, при што се појавија шпекулации дека имале караница со Лионел Меси.

Меси даде интервју за медиумите и притоа зборуваше за неговиот однос со младиот француски напаѓач за кој немаше лоши зборови.

„Килијан е специфичен фудбалер, тој е ѕвер и многу е силен во дуелите еден на еден. Ја користи својата брзина и постигнува многу голови. Сигурен сум дека ќе продолжи во исто темпо и ќе стане уште подобар во иднина“, кажа Мбапе.