Меси доби нова понуда од 200 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси заминува од ПСЖ, а тренерот на Барселона, Чави Ернандез кажа дека би сакал да го види повторно во каталонскиот тим, иако конечната одлука ја има легендарниот играч.

Меси доби нова понуда од 200 милиони долари, а истата доаѓа од Интер Мајами, кој се вклучи во битката за неговиот потпис по богатата понуда од Саудиска Арабија.

Каталонски „Спорт“ објави дека Интер Мајами е подготвен да потпише четиригодишен договор со Меси со годишна плата од 50 милиони долари.

Меси оваа сезона одигра 31 меч во Лига 1 и постигна 16 голови и 16 асистенции, а идната недела треба да каже каде ја продолжува кариерата.