Меси го посакува и ќе притиска Нејмар да се врати во Барселона

Лионел Меси се уште го притиска раководството на клубот да го врати бразилскиот фудбалер Нејмар во Барселона.

Меси во интервју за „Скај Спротс“ потврди дека сака да го види Нејмар во клубот и даде дефинитивен одговор дека нема намера да си замине од Барселона во летниот преоден рок иако има опција тоа да го стори без обесштетување.

„Нејмар е еденод најдобрите фудбалери во светоти би сакал да се врати. Тој е многу среќна личност која постојано се смее и ужива на теренот. Им дава насите играчи некој ведар дух. Нормално е фановите да се двоумат за неговото враќање поради начинот на кој си замина, ние тогаш сторивме се за да го убедиме да не си оди. На крајот на денот, сите сакаме да победуваме, мислам дека Нејмар сака да се врати назад. Жал му е за тоа што го стори, а минатата година се обиде да се врати. Мислам дека извинувањето ќе биде првиот чекор кој треба да го преземе за да се врати во клубот“ –изјави Лео Меси.