Меси го заштити момчето кое го надмудри обезбедувањето (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ со победата од 4-0 против Нант го освои францускиот Суперкуп, кој се играше на стадионот во Тел Авив, Израел.

Нејмар постигна два гола, а по еден погодок дадоа и Лионел Меси и Серхио Рамос, по што едно момче втрча на теренот за да се слика со Аргентинецот.

Момчето успеа да го надмудри обезбедувањето и да му избега, но набрзо го фатија и грубо реагираа, а тоа го забележа Меси кој реши да се фотографира со детето.

Меси почека момчето да го извади телефонот и да направи фотографија, по што повторно му избега на обезбедувањето.