Меси и Нејмар ги понижија навивачите на ПСЖ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ПСЖ во последниот меч оваа сезона загуби со 2-3, а тоа воедно беше дуел на кој се збогуваат Лионел Меси и Серхио Рамос.

Аргентинецот доби свирежи пред натпреварот, но и за време на истиот, но очигледно не беше загрижен поради тоа.

Меси се фотографираше со неговите колеги по доделување на наградите, а потоа заедно со Нејмар си замина од теренот и не ги поздрави навивачите.

Меси и Нејмар со овој потег им се одмаздија на навивачите, кои веќе некое време ги критикуваат и исвиркуваат пред и за време на натпреварите.