„Меси и Нејмар се платеници, измамници – тие се виновни“

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен ги критикуваше Лионел Меси и Нејмар по елиминацијата на францускиот клуб од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Светците“ имаа предност од еден гол во Шпанија, а водството им се зголеми со голот на Килијан Мбапе во Мадрид, меѓутоа во завршницата доживеаа целосен распад.

„Фудбалери кои се залужни за поразот се Нејмар и Меси. На нив останува да ја преземат одговорноста. Кога ги ангажираше Леонардо, тие станаа легенди. Не ги напаѓам Верати, Данило, Паредес и Мбапе. Само тој беше опасен во двата меча. Другите двајца се платеници и измамници. Срам ми е да зборувам така за Лео, но тоа е вистината. Човекот само оди по теренот, откако пристигна во Париз игра катастрофално“, вели Ротен.