Меси и Суарез асистираа за победнички старт на Интер Мајами (ВИдео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер Мајами ја почна новата сезона во МЛС-лигата со победа против Реал Солт Лејк од 2-0, а главни на теренот беа Лионел Меси и Луис Суарез.

Суарез и Меси не постигнаа голови, но беа дел од акциите при кои стрелаа нивните соиграчи и ја обезбедија победата.

Тејлор го постигна првиот гол во 39. минута по асистенција на аргентинскиот репрезентативец, додека вториот погодок беше дело на Гомез кој доби додавање од Суарез.