Меси им држел говор на колегите по дебаклот против Саудиска Арабија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентина го почна Мундијалот во Катар со неочекуван пораз од Саудиск Арабија (1-2), па сега „гаучосите“ немаат право на грешка.

Лионел Меси постигна гол за водство на Аргентина, но потоа С. Арабија даде два за целосен пресврт и победа на стартот, а тоа го натерало аргентинскиот капитен да одржи говор на колегите.

Меси во автобусот со кој патувале решил да одржи говор и им кажал на колегите дека ништо не е загубено и време е да бидат посилни од било кога.

Ова за Меси е последен Мундијал во кариерата и последна шанса да го освои трофејот кој му недостига, а следните два меча во групната фаза со неговиот тим ги игра против Мексико и Полска.